Цените на пивото во Германија до крајот на годината би можеле да пораснат за 30%, пишува германски „Билд“.

Зголемувањето на трошоците ги надминува сите граници. Вакво нешто досега не сме доживеале – вели за весникот, Холгер Ајхел, генерален директор на Здружението на германски пивари.

Тој додава дека производителите на пиво во моментов се соочуваат со „огромни ценовни притисоци“.

Струјата е зголемена за 250 отсто во споредба со минатата година, сладот за 70 отсто, а европалетите за 150 отсто – вели Ајчел.

Сето ова доведува до нагло поскапување на омилениот пијалок во Германија.

До крајот на годината, цените на пивото би можеле да пораснат за 30 отсто – алармира Стефан Фрицче, потпретседател на Здружението на пивари во Берлин и Бранденбург.

Здружението на германски пивари има 1.400 германски пиварници со вкупно 6.000 брендови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.