Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, на средба со военото раководство изјави дека официјален Вашингтон и западните земји што се под американска контрола, прават се за да ја продолжат конфликтот во Украина.

Како што истакна Шојги, тие се подготвени да се борат до „последниот Украинец“.

САД и западните земји под нивна контрола прават се што е можно за да ја продолжат специјалната воена операција. Интензивирањето на снабдувањето со странско оружје ја покажува нивната намера да го охрабрат режимот во Киев да се бори до последниот Украинец – изјави Шојгу.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.