Шојгу: Русија во 2023 ќе ја прошири инфраструктурата за нуклеарно оружје

Свет 01.12.2022 / 9:18

Русија ќе посвети посебно внимание на изградбата на инфраструктура за своите нуклеарни сили во 2023 година, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој рече дека Русија, исто така, ќе работи на подобрување на борбените способности на своите нуклеарни сили и ќе се изградат објекти за распоредување на нови ракетни системи. Русија има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот, со речиси 6.000 боеви глави.

Рускиот претседател Владимир Путин ги стави окупираните територии во Украина под нуклеарниот чадор на Москва и предупреди дека е подготвена да го брани „територијалниот интегритет“ на Русија со сите расположливи средства. САД соопштија дека ја предупредиле Русија за последиците од можна употреба на нуклеарно оружје.

Русија и САД оваа недела требаше да одржат разговори во Каиро за нивниот постоечки договор Нов СТАРТ, со кој се ограничува бројот на боеви глави.

Но, Москва се повлече пред состанокот и ги обвини САД за „токсично антируско однесување“ и обид да манипулираат со договорот во своја полза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom canlı casino