Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека целата област Луганск е под руска контрола, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Во соопштението се наведува дека Шојгу го информирал врховниот командант на вооружените сили за „ослободувањето“ на Луганск. Луганск е регион во источна Украина кој од самиот почеток е цел на руска агресија.

Понатаму се посочува дека резултат на успешната воена активност на руските вооружени сили со борбените единици на ЛНР е воспоставување целосна контрола врз градот Лисичанска и бројните околни населби, од кои најголеми се Билохоривка, Новодружеш, Малорјазанцеве и Била Хора.

Во соопштението се додава дека во текот на изминатиот ден е обезбедена територија од околу 182 квадратни километри.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.