6-годишно девојче во Мајами спречило сопствено киднапирање пред нејзиниот дом, откако го каснало напаѓачот, соопштуваат од полициската управа во Мајами.

Во саботата го уапсија Леонардо Венегас, кој е обвинет за киднапирање и злоупотреба на дете. Девојчето во четвртокот си играло со роднините во дворот на станбениот комплекс кога во близина на станот забележале бел џип, јавуваат американските медиуми. Откако останала сама, седнала на скалите од станот, а потоа ненадејно ја грабнал осомничениот Леонардо Венегаса.

Полицијата извести дека Венегас го подигнал девојчето и почнал да ја носи кога таа го гризнала за рака и избегала.

Го каснав. Ме крена, а потоа ми удри шлаканица – рекла таа во полициската станица и додала: Потоа ме фрли на подот и почна да бега. Тој избега.

Шестгодишното девојче потоа истрчало пред зградата и и кажало на тетка и што се случило. Полицијата во Мајами соопшти дека на снимките од надзорните камери се гледа како бел Range Rover влегува во станбениот комплекс, а осомничениот оди кон задниот дел на комплексот кон скалите каде што седело девојчето. Шестгодишното девојче потврди дека Венегас е човекот од видеото, а полицијата набрзо го приведе. Неговиот адвокат одби да даде изјава за медиумите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.