Шефот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин денеска изјави дека неговите војници ја презеле контролата врз штабот на Јужниот воен округ на Русија во Ростов на Дон без да испукаат куршуми.

Од друга страна, според него, врз неговите луѓе било пукано од артилерија и хеликоптери на пат кон Ростов, пренесува Ројтерс. Пригожин во аудио пораката изјавил дека мисли дека има поддршка од рускиот народ за, како што рече, марш на правдата“.

РИА Новости објави слика на припадници на „Вагнер“ на покривот на штабот на Јужниот воен округ на Русија во Ростов на Дон.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.