Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигнал во Украина, каде што ќе разговара со високи претставници за обезбедување на безбедноста на нуклеарните локации во земјата.

Рафаел Маријано Гроси ќе понуди итна техничка помош – вклучително и испраќање експерти на клучни локации – во обид да се спречи ризикот од каква било несреќа.

Воениот конфликт ги става украинските нуклеарни централи и другите објекти со радиоактивен материјал во невидена опасност.

 

Треба да преземеме итни мерки за да се осигураме дека тие можат да продолжат да работат безбедно и да го намалат ризикот од нуклеарна несреќа – истакна Гроси.

Од почетокот на конфликтот се појавија стравувања за безбедноста на нуклеарните постројки на Украина. На почетокот на март избувна пожар во нуклеарната централа Запорожје, а во централата во Чернобил беа прекинати далноводите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.