Cеверна Кореја денеска соопшти дека секое мешање во нејзините сателити ќе го смета за објава на војна.

Портпарол на министерството за одбрана на Cеверна Кореја, цитиран од севернокорејската новинска агенција KЦTA, изјавил дека официјален Пјонгјанг ќе одговори на секој обид на САД да ги попречат операциите на сателитите со тоа што ќе влијае на функционирањето на американските разузнавачки сателити.

Доколку САД ги прекршуваат правата на една суверена држава користејќи ја најновата технологија како оружје на нелегален и неправеден начин, Демократска Народна Република Кореја ќе размисли за преземање одбранбени одмазднички акции, така што ќе влијание или ќе го елиминира функционирањето на американските шпионски сателити, вели официјалниот претставник на Cеверна Кореја.

Земјата објави дека го лансирала својот прв разузнавачки сателит на 21 ноември.

Претставник на американските вселенски сили, како одговор на прашањето дали Вашингтон може да ја наруши разузнавачката активност на севернокорејскиот сателит, изјави дека САД можат да влијаат на вселенските капацитети на непријателските земји преку низа различни средства, пренесе американското Радио Слободна Азија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.