Пожарникарите започнаа протокол за одговор при итни случаи, откако добија извештаи за „експлозии и потреси“ на островот Рузвелт во Њујорк рано утрово. Повикот стигнал набргу по 6 часот наутро по извештаите за експлозии.

Противпожарната служба наводно добила извештаи за „повеќе експлозии“ во областа и „се обидува да го лоцира изворот“. Снемало струја во тој реон, а на терен се голем број полицајци.

Локалните жители пријавиле дека се разбудиле од звуците на експлозии и чувството дека зградите се тресат, пишува „Дејли мејл“. Над градот наводно летаат хеликоптери.

Засега нема информации за повредени, а истрагата е во тек.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.