Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар што денеска избувна во куќа во градот Истра во Московската област, соопшти руското Министерство за вонредни состојби.

Пожарот бил пријавен утринава околу четири часот по локално време, а пожарникарите го изгаснале до девет часот.

Министерството за вонредни состојби соопшти дека една жена е хоспитализирана, а регионалното обвинителство отвори истрага за инцидентот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.