Хеликоптер на грузиската гранична полиција загуби контрола и се урна за време на спасувачка операција во зимско одморалиште на северот на земјата. Во него се превезувале спасувачи на Службата за итни ситуации кои биле повикани да помогнат на параглајдеристи кои претходно паднале во провалија, објави грузискиот портал Агенда.

Министерството за внатрешни работи објави дека во леталото имало осум лица, а министерот Вагтанг Гомелаури потврди дека загинале сите осум лица, пишува „Грузија тудеј“.

„Денеска во близина на Гудаури, за време на летање со параглајдер, две лица паднале во карпест предел. Во операцијата за нивно спасување учествуваше хеликоптер на граничната полиција кој ја загуби контролата и се урна. Во овој момент, според потврдените информации, во хеликоптерот имало четири члена на екипажот, двајца спасувачи од Службата за управување во вонредни ситуации и двајца медицински работници од Центарот за координација и итна помош во вонредни ситуации“, се вели во соопштението на грузиското МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.