Поранешната обвинителка за воени злосторства Карла дел Понте го повика Меѓународниот кривичен суд да издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, пренесува АФП.

„Путин е воен злосторник“, рече Дел Понте, која ги истражуваше воените злосторства во поранешна Југославија и Руанда во интервју за Le Temps.

Таа смета дека издавањето налог за апсење ќе сигнализира дека истражната работа е завршена, пренесува Гардијан.

– Тоа е единствениот инструмент што постои што овозможува сторителот на воено злосторство да биде уапсен и изведен пред Меѓународниот кривичен суд – рече таа.

Дел Понте призна дека налогот за апсење не мора да значи дека Путин ќе биде уапсен.

– Ако остане во Русија, тоа никогаш не би било така. Но, би било невозможно тој да ја напушти својата земја и тоа би бил силен сигнал дека има многу држави против него – додаде таа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.