Во близина на границата на самопрогласената република Придњестровје во Молдавија со Украина денеска се слушнале истрели, јави телевизијата „ТСВ’, повикувајќи се на извори од службите за спроведување на законот.

Во извештајот се наведува дека жителите на Первомајск пријавиле дека истрелите биле испукани во близина на контролниот пункт Кучурган.

Изворот информирал дека пукањето се случило внатре на украинската територија, во близина на местото Павловка.

Самопрогласената република Придњестровје на територијата на Молдавија се наоѓа во близина на границата со Украина, а по неколкуте неодамнешни напади во таа област, расте загриженоста дека украинскиот конфликт би можел да се прошири и на тоа подрачје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.