Два или три многу несреќни инциденти се случија во мојот живот“, вели во едно интервју Гаутам Адани, индиски бизнисмен чиј бизнис почна да се развива во последните две години.
„Инцидентите“ за кои зборува вклучуваат држење во заробеништво во ресторан за време на заложничката криза во Мумбај во 2008 година, како и киднапирање со пиштол десет години претходно. Овие настани даваат само површен преглед на живописниот живот на индискиот богаташ кој денес е најбогат жител на Азија, како и четврти најбогат во светот, според индексот на Блумберг.
Адани потекнува од семејство од средна класа, а неговите родители се занимавале со продажба на текстил. На 16-годишна возраст, Адани го напуштил училиштето и се преселил во Мумбај за да се обиде да почне сопствен бизнис, почнувајќи со тргување со дијаманти во една од трговските области на градот. Меѓутоа, две години подоцна се вратил во неговата родна држава Гуџарат за да управува со фабрика за пакување на чело со неговиот брат.
Својата прва компанија Адани, кој понекогаш се споредува со Џон Рокфелер или Корнелиус Вандербилт, ја основал во 1988 година и се занимавала со трговија на суровини и со текот на времето се развила во компанијата „Адани Ентерпрајс Лимитед“ (АЕЛ). Набргу потоа, во Индија почнаа реформи кои го забрзаа економскиот раст на земјата, а Адани го искористи тоа за дополнително да го зголеми своето богатство.
Денес, огромната палета на компании на Адани опфаќа сектори од транспорт до производство на електрична енергија, а еден коментатор го нарече „можеби најагресивниот од новата генерација на индиски тајкуни“, објави Би-Би-Си.
Адани е на чело на втората по големина индиска компанија за цемент и поседува 13 пристаништа, вклучувајќи го и Мундра, најголемото во земјата и честопати наречено „скапоцен камен“ на империјата на Адани.
Покрај ова, Адани преку своите компании поседува и шест електрани на јаглен, што го прави најголемиот „играч“ на ова поле, без државата, како и гасовод долг 8.000 километри. И покрај тоа, Адани вели дека планира да инвестира 50 милијарди долари во „зелена енергија“ бидејќи планира да биде на врвот на обновливите извори на енергија до 2030 година.
Не можејќи да се потпре на неуспешната инфраструктура на Индија, тој изгради свои приватни железници и далноводи. Бидејќи немаше лесен пристап до домашниот јаглен, тој купи рудници во Индонезија и Австралија и ја однесе нивната содржина дома преку своите пристаништа“, пишува тој во својата книга за Индискиот аналитичар за богатство Џејмс Кребтри.
Заеми од 30 милијарди
Богатството на Адани порасна многу од почетокот на пандемијата на корона вирусот во 2020 година, кога неговото богатство беше проценето на околу 13 милијарди долари, додека денес тоа е околу 120 милијарди.
Дури и во Индија, каде што бројот на супербогатите енормно порасна, акумулацијата на богатството како што тоа го прави Адани е невообичаено“, вели Кребтри за Си-Ен-Ен.
Сепак, овој вид брз развој на бизнисот доаѓа со голем ризик. Севкупно, во октомври минатата година, Адани ги финансираше своите компании, меѓу другото, со околу 30 милијарди долари заеми, што значи дека целиот негов бизнис бил еден од најзадолжените во Индија.
Ова не е првпат да се зборува за задолженоста на Адани. Во 2015 година, „Кредит свис“ (Credit Suisse) во својот извештај предупреди дека Групацијата Адани е еден од десетте индиски конгломерати кои се под „финансиски стрес“ поради заеми.
Сепак, компанијата на Адани продолжи да добива заеми, како од индиски, така и од странски банки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.