Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство.
Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишен Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат.
Убиецот си го одзел животот вчера во градот Торанс, град на околу 30 километри од местото на злосторството, откако полицијата го идентификувала.
Teams from the #LASD have arrived and #Torrance PD is now clearing the parking lot next to #HobbyLobby saying there is a possible hazmat situation. The van is still surrounded and we can’t see anyone moving inside. Possible #MontereyParkSuspect #MontereyPark @FOXLA #FOX11 pic.twitter.com/Vr18S3XPyP
— Cristy Fajardo (@fajardonews) January 22, 2023
Тран откако уби десет луѓе во паркот Монтереј, со пиштол упадна на прославата на кинеската Нова година во Алхамбра, но обезбедувањето успеа да го неутрализира.
Монтереј Парк е град кој се наоѓа на околу единаесет километри од центарот на Лос Анџелес. Околу две третини од жителите се Азијци, според податоците од американскиот попис
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.