Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан ја предупреди Кина дека ќе биде изолирана доколку ја поддржи Русија во нејзината агресија против Украина.
Тој му рече на високиот кинески дипломат Јанг Џичи дека Пекинг може да се соочи со економски казни и глобална изолација доколку и помогне на Русија.
На повеќечасовниот состанок во Рим, американските претставници ги информирале сојузниците на НАТО и на некои азиски земји дека Кина дала сигнал дека е подготвена да и помогне на Русија воено и економски во војната, тврдат американски дипломати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.