По апсењето на двајца млади момчиња осомничени за планирање терористички напад на концертот на Тејлор Свифт во Австрија, од истрагата се појавија информации дека второосомничениот е малолетник (17), по потекло од Балканот и дека исто како и главниот осомничен (19), роден е во Австрија.

Главниот осомничен, 19-годишник, на полицијата ѝ ги признал плановите, а меѓу осомничените е и седумнаесетгодишник, наводно со хрватски и турски корени, кој веќе и бил познат на полицијата, пишува Хеуте.

Меѓу осомничените е и петнаесетгодишен Австриец со турско потекло.

Главниот осомничен (19), чии родители се Албанци кои од Македонија се преселиле во Австрија, дал отказ на работа на 25 јули и објавил дека има големи планови за иднината и оттогаш се подготвува за крвава кампања.

Австриската полиција го соопшти идентитетот на 19-годишникот. Станува збор за Беран А.


Течности, хемикалии и техничка опрема се запленети во неговата куќа во Терница.

Генералниот директор за јавна безбедност Франц Руф денеска изјави дека главниот осомничен признал се, а детално ги опишал плановите за нападот на концертот на Тејлор Свифт во Виена.

Руф потврди и дека информации за подготовките за нападот добиле од тајната служба.
И двајцата тинејџери живеат во Терница, а 17-годишникот неодамна раскинал со својата девојка.

Куриер пишува дека 19-годишникот планирал да вози со својот автомобил во десетици илјади обожаватели кои ќе застанат пред стадионот Ернст Хапел за време на концертите, потоа да ги нападне со мачети и ножеви и на крајот да активира бомба направена од украдени хемикалии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.