Официјален Вашингтон испрати закана и предупредување до Буенос Аирес, поради аргентинските планови за изградба на фабрички погон за производство кинески борбени авиони.

Кинеската фабрика за борбени авиони во Аргентина е многу лоша идеја, порача членката американскиот Претставнички дом, Марија Елвира Салазар.

Според Салазар, Буенос Аирес има намера да отвори фабрика за авиони JF-17. Таа ги опиша овие намери како „договор со ѓаволот“.

Салазар тврди дека договорот е веќе завршена работа и посочи дека знае кои високи аргентински политичари го склучиле.

Според неа, тоа се претседателот Алберто Фернандез и потпретседателката Кристина Фернандез де Кирхнер [CFK].

Конгресменката од Флорида се обрати со остар и заканувачки тон, наведувајќи дека доколку Аргентина отвори фабрика за борбени авиони ФЈ-17, „последиците ќе бидат библиски“.

Салазар порача и дека Вашингтон нема да го дозволи тоа и дека нема да стои со скрстени раце.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.