Американската влада воведе визни ограничувања за повеќе белоруски државјани заради „сериозни“ активности против дисидентите надвор од нивната земја, јави ДПА.

Денешните дејства се насочени кон повеќе белоруски државјани поради нивната вмешаност во сериозна, екстратериторијална контрадисидентска активност, се наведува во соопштението на американскиот Стејт департмент.

САД ја осудуваат ваквата активност, вклучувајќи го и обидот за насилна репатријација на белоруската олимпијка Кристина Циманускаја за време на Летните олимписки игри во Токио минатата година“.

Министерството не прецизираше кои поединци биле цел на ограничувањата.

САД, исто така, ја повикаа владата на белорускиот претседател Александар Лукашенко „да прекине со репресијата врз членовите на граѓанското општество, независните медиуми, политичката опозиција, спортистите, студентите, адвокатите и другите Белоруси“, додава германската агенција .

Таа, исто така, ја повика Белорусија „веднаш да ги ослободи сите политички затвореници“ и режимот на Лукашенко , меѓу другото, „да се вклучи во искрен олеснет дијалог со демократската опозиција и граѓанското општество“.

Случајот со белоруската спринтерка Кристина Тимановскаја, која наводно беше киднапирана од белоруските власти на Олимписките игри во Токио, откако ги критикуваше спортските претставници на нејзината земја, предизвика меѓународна бура.

По неколкудневна неизвесност, тркачката побегна во Полска, каде што сега живее со сопругот откако доби хуманитарна виза.

Ограничувањата наметнати од САД се засноваат на новата политика наречена „забраната на Кашоги“, по саудискиот новинар и жител на САД, Џамал ​​Кашоги, кој беше убиен во 2018 година откако влезе во саудискиот конзулат во Истанбул, Турција.

Оваа алатка и овозможува на американската Влада да воведе визни ограничувања за поединци вклучени во екстериторијална злоупотреба на дисиденти или новинари во име на странски влади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.