Американската администрација се закани дека ќе го забрани TикТок во САД доколку кинеските сопственици на оваа социјална мрежа не го продадат својот удел во компанијата.

Гардијан денеска пишува дека потегот го покажува стравот на американските власти дека податоците од американските корисници што ги поседува компанијата би можеле да бидат пренесени на кинеската Влада.

Потегот на администрацијата на Бајден, исто така, доаѓа во услови на глобална загриженост дека апликацијата може да се користи од Кинезите за шпионажа.

Велика Британија, Канада и Австралија неодамна ја забранија употребата на апликацијата во нивните парламенти.

САД веќе го забранија TиокТок од федералните владини уреди, но ова е првпат администрацијата на Бајден да се закани со потенцијална забрана на социјалната мрежа низ целата земја.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да го забрани TикТок во САД во 2020 година, но беше блокиран од судовите.

Портпаролката на TикТок, Брук Оберветер, за бротанските медиуми изјави дека компанијата неодамна остварила контакт со Комитетот за странски инвестиции во САД (CFIUS), предводен од Министерството за финансии на САД.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.