Американската министерка за финансии, Џенет Јелен, оствари средба со претставници на американскиот Конгрес за да разговара за можното замрзнување на златните резерви на Русија.

Овој потег уследува откако неколку конгресмени поднесоа предлог-закон за забрана на руското злато, кој треба да се фокусира на способноста на Русија да ги продава своите златни резерви со цел да го избегне влијанието на санкциите.

Сегашните санкции наметнати врз руските функционери, централната банка, претседателот Владимир Путин и другите мерки не влијаат на руските златни резерви што Русија ги акумулирала во последните неколку години.

Според претставници на американскиот Конгрес, Русија има околу 130 милијарди долари златни резерви.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.