За прв пат од почетокот на руската воена акција во Украина, САД испраќаат пософистицирано и потешко оружје во Киев.
Промената доаѓа откако до пред неколку недели, некои функционери на администрацијата на Џозеф Бајден сметаа дека таквото оружје е преголем ризик за ескалација на конфликтот, јавува „Си-Ен-Ен“.
Според американската телевизија, списокот на безбедносна помош во вредност од 800 милиони долари се правел не само од директните барања од Украина, туку и од подготовките за нов тип на борба на отворените рамнини на југоисточна Украина, во близина на Русија, на терен што претставува природната воена предност на Москва.
Администрацијата на Бајден соопшти дека новиот пакет оружје за Украина вклучува 11 хеликоптери Ми-17 првично наменети за Авганистан, 18 хаубицерски топови од 155 милиметри, дополнителни 300 дронови „Свичблејд“, како и радарски системи кои можат да следат од каде доаѓа непријателскиот оган и да ја одредат неговата прецизност. Се тоа е софистицирано и потешко оружје од претходните пратки – пренесува „Си-Ен-Ен“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.