Соединетите Американски Држави ја обвинија Русија дека почнала „целосна војна против слободата на медиумите и вистината“ со блокирање на независни медиуми и спречување на Русите да слушнат вести за инвазијата на Украина.

Руската влада, исто така, ги задушува платформите на Твитер, Фејсбук и Инстаграм на кои се потпираат десетици милиони руски граѓани за да пристапат до независни информации и мислења – се вели во соопштение на Стејт департментот.

Во соопштението се додава дека Русите ги користеле социјалните мрежи за да се поврзат меѓу себе и со надворешниот свет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.