САД ја подготвуваат својата војска за одбрана на доминацијата на Арктикот, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Американската армија подготви нова стратегија за изведување борбени операции во ладна клима, а во февруари спроведе големи вежби (со учество на над 8 илјади воени лица на Алјаска) со цел војската да ја прилагоди на екстремни услови, пишува весникот.

Со ваквите напори, САД се надеваат дека ќе ги обноват своите мускули, кои атрофираа во последните 20 години, се наведува во материјалот.

Дел од овој процес вклучува градење посилно воено присуство во регионот за зајакнување на односите со сојузниците како што се анада и Данска. Тоа значи и користење на ова присуство за да се држат под контрола Русија и Кина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.