Американската заменик државна секретарка Венди Шерман за време на средбата со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков на работна вечера во Женева изјави дека прашањето за европската безбедност не може да се реши без европските сојузници.

Шерман е шефица на американската делегација на преговорите што ќе се одржат во швајцарскиот град на тема Украина и безбедносните гаранции што Русија ги бара од САД и НАТО, додека шеф на руската делегација е Рјабков.

– Заменикот државен секретар потврди дека САД ќе го поздрават општиот напредок преку дипломатијата. САД ќе разговараат за одредени билатерални прашања со Русија во рамките на Стратешкиот дијалог за стабилност, но нема да разговараат за европската безбедност без нашите европски сојузници, изјави портпаролот на Белата куќа Нед Прајс.

Прајс додаде дека Шерман рекла оти одредени теми ќе бидат оставени за преговорите НАТО-Русија во Брисел на 12 јануари, како и за состанокот на ОБСЕ во Виена на 13 јануари, на кој ќе присуствуваат и делегациите на САД и Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.