САД и ЕУ вчера и денеска одржаа заеднички воено-поморски вежби а според одлуката донесена на ЕУ-САД консултациите на високо ниво за индо-тихоокеански регион од 2 декември, 2022 година, соопштија од Стејт департментот.
-Вежбите формираат дел од споделените заложби на ЕУ и Соединетите Држави да работат во правец на практична морска соработка и подршка за слободен и отворен индо-тихоокеански регион, во линија на документите како Стратешки компас на ЕУ, Стратегија за соработка во индо-тихоокеанскиот регион и Индо-тихоокеанската стратегија на САД, се вели во соопштението.
Во вежбите учествуваа ракетниот разурнувач „УСС Пол Хамилтон“ и шпанската и италијанска фрегата „Реина Софиа“ и „Карло Баргамини, кои се дел од морската операција на ЕУ „Атланта“ за сигурност на пловењето во северозападен Индиски Океан. Беа вкчучени професоинали размени на процедура на товарење, морска навигација и обика дизајнирана да се подобри интеропаративноста и интеграцијата.
САД и ЕУ повторно ги истакнуваат заложбите за регионална морска безбедност за подршка слободата на навигацијата и други меѓународни законски употреби на морето во индо-тихоокеанскиот регион, јавија од Стејт департментот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.