Руските војници успеале да пробијат дел од одбраната на украинските сили во областа Луганск, соопшти Министерството за одбрана во Москва.
Во текот на офанзивата, украинските војници се повлекоа на оддалеченост до три километри од линиите што претходно ги окупираа. Дури и посилната втора одбранбена линија на непријателот не беше во можност да ги спречи руските војници да се пробијат, соопшти Министерството на својот канал на социјалната мрежа Телеграм.
Министерството не прецизираше на кој дел од фронтот во регионот Луганск е започната офанзивата.
Русија моментално контролира дел од јужните региони Херсон и Запорожје, вклучувајќи ја нуклеарната централа Запорожје, речиси цел Луганск, повеќе од половина од регионот Доњецк и регионалниот центар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.