Руското министерство за одбрана соопшти дека руските сили изведуват акции во повеќе реони во Украина.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал Игор Конашенков, соопшти дека при напад со високо прецизни ракети „Калибар“ истрелани од море, бил уништен противвоздушен систем С-300, донесен од Европа, кој бил скриен во хангар.

Во исто време, во околината на Изјум, руските сили срушиле два украински борбеби авиони СУ-25.

Генерал Конашенков соопшти и за борби во регионот на Топол во близина на Харков.

Во овие борби биле заробени потполно нови тенкови, целосно снабдени со муниција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.