Руските сили утринава повторно извршија масовен ракетен напад врз Украина, а цел беше Киев, каде во неколку наврати се слушаа експлозии, јавуваат украинските медиуми.
Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина објавија дека Русија кренала во воздух 16 стратешки бомбардери „Ту-95МС“ од кои лансираше ракети и дека е прогласена тревога за воздушен напад низ цела Украина.
На ракетниот напад му претходеше напад со дронови, јавија украинските медиуми и додаваат дека украинската воздушна одбрана ги уништила сите 35 дронови лансирани од Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.