Официјална Москва соопшти дека со ракети со висока прецизност e уништen логистичкиот терминал на воениот аеродром кај Одеса, каде што било складирано оружје испорачано во Украина од САД и Европа.
Со употреба на високопрецизни ракети со долг дострел од руските воздушни и вселенски сили, елиминиран е логистичкиот терминал на воениот аеродром кај Одеса, каде што имаше складирано големо количество странско оружје од САД и европските земји – соопшти портпаролот на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков, пренесува „ТАСС“.
Во соопштението на Министерството се вели дека руските сили во текот на вчерашниот ден елиминирале речиси 200 украински војници и уништиле шест командни пунктови и 10 артилериски батерии, наведува руската агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.