Од рано утринава завиваат сирените за воздушна опасност на повеќе места ширум Украина, предупредувајќи за напади со руски ракети и беспилотни летала.
На каналите на Телеграм има објави за експлозии во неколку региони, од Лавов на запад, до Херсон на југ, но нема потврди за жртви, пишуваат британските медиуми.
Руската противвоздушна одбрана доцна синоќа соборила беспилотно летало над јужниот руски град Курск, во близина на границата со Украина, изјави регионалниот гувернер Роман Старовоит.
Тој на каналот Телеграм изјави дека противвоздушните системи биле активирани двапати, не споменувајќи штети или жртви, но побара од жителите да ги избегнуваат урнатините.
Во последните два месеца се извршени серија воздушни напади преку украинската граница во јужна Русија. Имаше и вооружени упади за кои одговорноста ја преземаа групи кои велат дека се противат на политиката на Кремљ.
Британските медиуми наведуваат дека Украина редовно одбива да ги коментира вестите за такви напади или упади.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.