Руската новинска агенција Тасс објави дека во четвртокот се урнале два украински беспилотни летала од ист тип Ту-141.

Првиот од нив падна во близина на градот Красноперекопск (Република Крим), а вториот во Загреб (Хрватска), прелетувајќи повеќе од 700 километри“, изјави извор за Тасс.

 

 

Тој објаснил дека ова беспилотно летало е „во суштина мал млазен авион способен да носи прилично сериозен товар со бомба, до еден тон“. Според него, двете летала извршиле „пробни летови“ до Крим, но еден од нив скршнал од курсот и полетал за хрватската престолнина.

 

Делови од украинскиот дрон тип Ту-141 беа откриени од страна на руските граничари на 11 март во 10:35 часот, на 17,6 километри од државната граница и на 8,5 километри од Красноперекопск на брегот на езерото Красноје, истакнал изворот.

Претходно денеска хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека дрон е лансиран од Украина и паднал во текот на ноќта во Загреб. Тој изрази изненадување што старомодно летало поминало повеќе од еден час на небото над земјите-членки на НАТО, а никој не го забележал. Според претседателот, инцидентот се истражува, додава агенцијата, а пренесува хрватски Индекс.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.