Командант на руска бригада во Украина бил убиен од неговите војници, за „Скај“ потврдиле западни претставници.
Се верува дека полковникот Медвечек, кој командувал со 37-та бригада, бил намерно погоден од неговите војници.
Командантот на бригадата беше убиен од неговите војници, веруваме, како резултат на обемот на загубите што ги претрпе неговата бригада. Веруваме дека е намерно убиен од неговите војници – изјавил западен функционер.
Официјалното лице додало дека генерал-полковник кој командувал со 49-та бригада за комбинирано вооружување, исто така, загинал во борба, што го прави седмиот руски генерал кој бил убиен во борба од почетокот на руската воена акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.