Руски хакери нападнаа владини и парламентарни веб-страници во Белгија, вклучително и страницата на премиерот Александре де Кро, јавија локалните медиуми.

Сајтовите вчера попладне неколку часа беа недостапни или имале тешкотии при вчитување.

Одговорноста за нападот ја презеде групата „НоНејм057(16) (NoName057(16)), која претходно се обиде да ги затвори белгиските официјални страници на интернет.

Групата наведе дека нејзините акции се поврзани со помошта што Белгија и ја дава на Украина.

Според белгиските служби за кибербезбедност изминатите месеци зачестиле хакерските напади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.