Борбите во источна Украина ќе се интензивираат во следните две до три недели, објави денеска британското Министерство за одбрана во редовниот дневен извештај.
Според нивните прогнози, Русија продолжува да ги пренасочува своите војници во таа област.
Руските напади остануваат фокусирани на украинските позиции во близина на Доњецк и Луганск, со понатамошни борби околу Херсон и Николаев и обновен напад на Краматорск, објави британската воена разузнавачка служба на Твитер, пренесува Ројтерс.
Според британскиот извештај, руските сили продолжуваат да се повлекуваат од Белорусија, со цел да се прегрупираат во поддршка на операциите во источна Украина, а Ројтерс наведува дека не може самостојно да ја потврди оваа информација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.