Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните ракети „Искендер –М“ уништиле пет украински борбени авиони СУ-27 и оштетило уште два на аеродромот Мирхород, во Полтавската област во Украина.

Министерството објави и видео од нападот, на кое се гледа како чад и оган се креваат од украинскиот аеродром.

Како резултат на рускиот напад, уништени се пет активни повеќенаменски борбени авиони СУ-27, а два се оштетени, соопшти Министерството.

Русија ги гаѓа украинските аеродроми токму во моментот кога Киев се подготвува да го прими првиот американски авион Ф-16 кој Москва вети дека ќе го уништи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.