Пратеникот во украинскиот Парламент, Олексиј Гончаренко соопшти дека Русија извршила голем напад во текот на ноќта.

Истрелаа 32 проектили кон енергетските постројки. 16 проектили беа соборени од одбранбените сили, напиша Гончаренко на социјалните мрежи.

Украинската армија потврди дека во текот на ноќта и рано утрово соборила 16 руски ракети.

Гончаренко додаде дека 22 проектили сепак стигнале до целта.

Немаме оружје да ги собориме, нагласи тој.

Утрово е погодена и важна инфраструктура во Лавов, соопшти регионалниот воен претставник Максим Козицки. Повредени нема, а пожарот кој избувнал веќе е изгаснат



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.