Руската воздушна одбрана пресретна и уништи вкупно 17 дронови кои Украина рано утрово ги лансираше над Црното Море и територијата на полуостровот Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.
Девет дронови се уништени со системи за противвоздушна одбрана, а осум се неутрализирани со системи за радиоелектронско војување, стои во објавата на Телеграм.
Гувернерот на Севастопол, назначен од Русија, Михаил Развожаев претходно изјави дека остатоци паднале на покривот на приватна куќа во селото Андреевка, на периферијата на градот на анектираниот полуостров Крим, што накратко предизвикало пожар. Еден маж е повреден, чија рака е скршена.
Нема информации за сериозни оштетувања на згради во Севастопол како последица на нападот, јави ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.