Москва тврди дека Украинците гаѓале места во Русија.

Сe работи за регион кој граничи со северот на Украина, во близина на градот Чернигов.

Денес украинските сили отворија оган на селото Климово. Со гранати беа оштетени две станбени згради, има жртви меѓу жителите, напиша гувернерот Александар Богомаз на Телеграм.

Руската истрага наводно покажала дека украинските сили извеле најмалку шест напади, и додаваат дека се нападнати станбени објекти. Русите тврдат дека се повредени најмалку седум луѓе.
Советникот во украинското министерство за внатрешни работи Антон Харченко објави на Телеграм дека нешто „паднало и се запалило“ во воениот објект во Бријанск во близина на границата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.