Украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа, денеска била гранатирана, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Се додава дека гранатите биле испукани од Украина и паднале во близина на сув магацин и оти не се откриени радиоактивни емисии.

Ренат Карча, советник во рускиот оператор за нуклеарна енергија Росенергоатом, изјави дека 15 гранати биле испукани врз објектите на централата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.