Руската економија, според паритетот на куповната моќ, веќе стана четврта економија во светот во 2021 година, а во претходните две години ги задржа овие позиции, покажуваат пресметките на државната агенција РИА Новости врз основа на податоците на Светската банка.
Организацијата ги ажурираше податоците за показателите за паритет на куповната моќ, од кои произлегува дека Русија ја зазеде четвртата позиција со учество од 3,8 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП) во 2021 година, поместувајќи ги Јапонија (3,7 отсто) и Германија (3,4 отсто), на петтото односно шестото место.
Рускиот БДП по паритет на куповна моќ во 2021 година изнесуваше 5,7 трилиони долари, јапонскиот 5,6 трилиони долари, а германскиот 5,2 трилиони долари.
Руската економија забележа раст до шест трилиони долари во 2022 година и 6,45 трилиони минатата 2023 година. Истовремено, јапонскиот БДП се зголеми на 5,9 трилиони долари во 2022 година и на 6,3 трилиони долари минатата година, а БДП на Германија на 5,5, пред две а потоа на 5,9 трилиони долари минатата година.
Кина останува апсолутен лидер во однос на економската големина, пресметана според паритетот на куповната моќ, во периодот од 2021 до 2023 година, а нејзиниот БДП достигна 35 трилиони долари на крајот на минатата година. Соединетите американски држави се на второ место со 27,4 трилиони минатата година. Индија е во првите три со 14,6 трилиони долари на крајот на 2022 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.