Русија презеде мерки за делумно ограничување на пристапот до Фејсбук, соопшти руското регулаторно тело за комуникации, информации, технологија и масовни медиуми – Роскомнадзор.

Во соопштението на регулаторот се наведува дека „Генералното обвинителство, во договор со Министерството за надворешни работи, одлучило да ја прогласи социјалната мрежа Фејсбук за вмешана во кршење на основните човекови права и слободи, како и правата и слободите на руските граѓани, пренесоа руските медиуми.

Според Генералното обвинителство, Фејсбук незаконски го ограничил ширењето на општествено важни информации за воведените санкции.

Се посочува дека Фејсбук вчера „неразумно воведе 90-дневни ограничувања на страницата на агенцијата РИА Новости поради наводно ширење лажни информации, а содржините на четири руски медиуми – Звезде, РИА Новости, Лента.ру и Газета.ру се цензурирани на еден ден.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.