Москва призна дека има проблем со извозот на нафта поради санкциите кои се воведени од почетокот на, како што ја нарекуваат, „специјалната операција“ во Украина, и затоа најави засилена соработка со Азија.

САД воведоа ембарго на руската нафта, но ЕУ е значително повеќе зависна од руските енергенти и економистите предупредуваат дека целосно ембарго на рускиот гас ќе ја турне европската економија во рецесија. Дополнително, Русија бара „непријателските“ земји кои воведоа санкции за Москва, да мора да го плаќаат гасот во рубли.

„Росњефт“ на аукцијата понуди 6,5 милиони тони нафта кои требало да бидат испорачани од руските пристаништа во мај и во јуни, но до вчера не стигнала ниедна понуда, пренесуваат европските медиуми.

Во „Росњефт“ не одговориле на барањето да дадат коментар за оваа информација.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.