Во август Русија ќе го намали извозот на нафта за 500.000 барели дневно, најави денеска вицепремиерот на Русија Александар Новак.

„Русија доброволно ќе го намали извозот за 500.000 барели нафта дневно во август, како дел од напорите да обезбеди рамнотежа на нафтениот пазар“, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс.

Саудиска Арабија претходно денеска најави дека покрај јули и август, доброволно ќе го намали производството на нафта за еден милион барели дневно.

На оваа вест пазарите реагираа со поскапување на нафтата. Според податоците на берзата, цената на суровата нафта денеска во 12.05 часот изнесуваше 71.150 долари за барел, додека цената на нафтата од типот „брент“ беше 76.029 долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.