Русија ја прекина испораката на ракетни мотори за САД: Нека летаат на метли, вели Дмитриј Рогозин

Свет 03.03.2022 / 12:42

Русија ќе престане да испорачува ракетни мотори за САД, изјави шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, пренесува Спутник на англиски јазик.

„Нека летаат на метли“ изјавил шефот на Роскосмос, Дмитриј Рогозин.

„Не само што одбиваме да ги испорачаме тие мотори (РД-180), туку нема да ги одржуваме ниту постоечките. Тоа се 24 или повеќе ракетни мотори“, посочи Рогозин.

Руската вселенска агенција Роскосмос инаку на почетокот на неделата одби да ја лансира следната тура од 36 интернет сателити на „OneWeb“ во вселената во петок, освен ако компанијата не ги исполни барањата на државната агенција.

Роскосмос во соопштението истакна дека ракетата Сојуз ќе биде отстранета од космодромот Бајконур во Казахстан доколку „OneWeb“ не ги исполни следните два услови:

– Владата на Велика Британија мора да го продаде својот удел во таа компанија и

– компанијата мора да гарантира дека сателитите нема да се користат за воени цели.

Извор: Б92.нет



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

Најнови вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişJOJOBETjojobet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme Bonuslarcasibom canlı casinocasinobahis