Руската управа за цивилна авијација им забрани на руските авиопревозници да летаат на израелското небо во наредните ноќи.

Ограничувањето ја опфаќа временската зона помеѓу 22:00 и 04:00 часот по Гринич и ќе стапи во сила за првпат вечерва. Тоа ќе биде во сила до 09:00 часот по Гринич на 16 август, се вели во соопштение на „Росавијација“.

Не е наведена причина, иако тоа очигледно е поврзано со стравувањата од ирански воздушен напад врз Израел, јави ДПА.

Дневните летови на израелското небо остануваат дозволени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.