Русија денеска го разреши генерал Дмитриј Булгаков задолжен за логистика, во време кога се одвива кампањата за мобилизација и во време кога руската офанзива во Украина се соочува со потешкотии.

Армискиот генерал Дмитриј Булгаков е разрешен од должноста заменик-министер за одбрана бидејќи се прераспределува на друга функција. На негово место доаѓа генерал-полковник Михаил Мизинцев, кој ќе биде одговорен за материјално-техничкото снабдување на вооружените сили, соопшти руското Министерство за одбрана, без да наведе повеќе детали.

Генерал Мизинчев (60) во текот на својата долга воена кариера извршувал многу одговорни функции во Генералштабот. Тој е цел на санкции од Западот поради неговата улога во опсадата на пристаништен град во југоисточна Украина, Мариупол.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.