Западот објави „тотална војна“ против Русија со својот најнов бараж санкции, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Целите не се кријат, јавно се соопштуваат – да се уништи, опустоши, руинира, задуши руската економија и Русија како целина, рече тој за време на состанокот со претставници на фондација за дипломатија, пренесува ТАСС.
Тој истакна дека „тотална војна“ е фраза што ја користела нацистичка Германија додека се обидувала да освои голем дел од Европа. Не е јасно на кој западен политичар, ако има таков, Лавров му ја припиша фразата, посочува германската агенција ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.