Русија ги произведе првите нуклеарни боеви глави за суперторпедото Посејдон што ќе бидат распоредени на нуклеарната подморница Белгород, јави ТАСС, повикувајќи се на анонимен извор од одбраната.
Првите количини оружје за Посејдон се произведени и подморницата Белгород ќе ги добие во блиска иднина“, открил изворот за ТАСС.
Рускиот претседател Владимир Путин го најави таканаречениот Посејдон во 2018 година. Тој го опиша како нов тип на стратешко нуклеарно оружје со сопствен извор на нуклеарна енергија.
Во говорот пред пет години, Путин рече дека опсегот на торпедото ќе биде неограничен и дека може да работи на екстремни длабочини со брзини многу пати поголеми од која било подморница или друго торпедо.
Тие се многу тивки, имаат висока способност за маневрирање и практично се неуништливи за непријателот. Не постои оружје во денешниот свет што може да им се спротивстави“, рече Путин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.