Украинските сили вчера во четири наврати ја гранатираа територијата на Русија на границата со Украина, обвини руското Министерство за одбрана.

Гувернерот Вјачеслав Гладков изјави дека Украинците пукале на селата Журавлеква и Сподарјушино во регионот на Белгород. Како што појасни, еден човек е полесно повреден. Во овие напади оштетени се станбени згради, тврди Министерството.

Беше соопштено и дека напади имало и во селото Климово, во регионот на Бријанск и на граничната станица Новје Јурковичи, во истиот регион. Во селото, при украинскиот напад, повредени биле осум лица, меѓу нив и дете¸ повозрасна жена, кои завршиле со потешки повреди.

Медиуми јавуваат дека Украина, досега, ниту ги потврди, ниту ги негираше овие напади.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.